За нас

E-mail Print PDF

Историја

Градската општа болница „8-ми Септември“ е изградена во почетокот на 1970 година како голема регионална воена болница за поранешната Армија на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. За денешната далеку помала Армија на Република Македонија, болницата има преголем физички капацитет. Болничкиот дел е сместен на 8 ката, при што секој кат има по две одделенија поврзани со заеднички ходник. На секое одделение има по 32 кревета. Првичниот број кревети за хоспитализирани пациенти беше околу 500 кревети. На пониските катови има поликлинички амбуланти, дијагностички кабинети, операциони сали и помошни служби.
Болницата е изградена на голема парцела која е оддалечена околу 2,5 км од центарот на градот. Вкупната површина на објектот е околу 40.000 м2 од кои 4.000 м2 се доделени на приватна болница за кардиохирургија и 700 м2 на приватна стоматолошка клиника.
Во втората половина на 2009 година главна задача беше постоечката Воена болница да се подели на два дела, при што едниот дел се пренесе во сопственост на Министерството за здравство, а останатиот помал дел од болницата остана под Министерство за одбрана како воена амбуланта.
Болницата соработува со сите општи и клинички болници и здравствени домови во градот Скопје и државата со тоа што презема и третира пациенти во секундарна и терциерна здравствена заштита, потоа соработува со приватните концесионерски општи амбуланти, со општата служба за итна медицинска помош (брза помош), со Републичкиот Завод за Трансфузиологија, Институтот за Јавно Здравје, Министерството за Здравство, Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија и Министерството за Одбрана со кое има потпишано меморандум за пружање здравствена заштита на воените осигуреници.

Мисија и цели

Мисијата на Градската општа болница „8-ми Септември“ е да обезбедува секундарна и терцијарна медицинска грижа во третманот на пациентите преку давање првокласна, ефикасна и рентабилна услуга на најдобро можно професионално ниво за градот Скопје и Република Македонија.
Основните цели и задачи на Болницата, насочени кон остварување на нејзината определба, опфаќаат исполнување на највисоките вредности за интегритет, почит кон луѓето, квалитет, раководење и тимска работа. Болницата е посветена на создавање опкружување во кое пациентот е во центарот на сè што се работи. Исто така, таа е посветена на остварување врвни резултати, како и на начинот како да се постигнат истите.
Работејќи на цврста основа на заеднички цели и вредности, Болницата постави пет стратегиски цели:

Цел 1: Сигурност

Постојано ќе се работи на обезбедување безбедно згрижување и квалитетни исходи. Приоритет ќе биде борбата против интрахоспиталните инфекции. Ќе се обезбеди средина во која ќе се слушаат ставовите на персоналот и ќе се постапува според нив. Исто така, ќе се обезбеди континуирано подобрување на условите.

Цел 2: Модернизација

Со формирањето на Градската општа болница се овозможи да се реформираат и проверат услугите кои се пружаат, работејќи на поинаков начин заради бенефитот на корисниците на истите. Болницата ја поддржува локализацијата на услугите онаму каде е можно и централизацијата онаму каде е неопходно, употребувајќи ги сите капацитети на начин кој обезбедува најефективни услуги, со можност сите да добијат пристап до експертска помош и третман што е можно побргу.

Цел 3: Партнерство

Здравјето и благосостојбата ќе се унапредуваат преку партнерство со повеќе индивидуи, репрезентативни групи и организации. Услугите на Болницата ќе бидат насочени кон пациентите - дизајнирани околу разбирање на нивните потреби и поставување на корисниците на услугите во центарот на сè што ќе работи Болницата.

Цел 4: Персонал

Болницата ќе стане препознатлива како болница која го респектира својот персонал со кој ефективно комуницира и обезбедува адекватно учење и развој за секого, со цел секој да го постигне својот максимум.

Цел 5: Ресурси

Можно е подобрување на услугите и заштеда на средства преку охрабрување иновативност и прифаќање на идеите на луѓето. Ќе се испитуваат начини за подобрување на услугите во амбулантно-поликлиничката служба, третманот со анализа на услугите на начин на кој ќе се скрати во време